Тенис
6. September 2017 - 8:03

Полуфинале за Венус Вилијамс на УС Опен

Американката Венус Вилијамс успеа да се пласира во полуфиналето на УС ОПен откако по голема борба во меч од три сета ја победи третата носителка Петра Квитова со 2-1 во сетови . Вилијамс го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а Квитова со истиот резултат беше подобра во вториот сет. Во решавачкиот во тај брекот Вилијамс победи со 7-2 на поени.
Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде сонародничката Слоан Стивенс која ја победи Анастасија Севастова од Летонија со 2-1 (6:3; 3:6 и 7:6 (7-4)). И во овој меч во тај брекот во третиот сет беше решена победничката.
Вечерва во четвртфиналето ќе играат: Каролина Плишкова - Коко Вандервеге и Медисон Кејс - Каја Канепи.