Тенис
26. October 2017 - 19:03

Полуфинале за Венис Вилијамс во Сингапур

Венус Вилијамс успеа да се пласира во полуфиналети на „ВТА финалето“ што се игра во Сингапур. Таа денеска во меч од 3.коло од „белата група“ ја победи Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови (7:5 и 6:4) и го освои второто место во групата. Во вториот меч кој немаше влијание на табелата Јелена Остапенко ја совлада Каролина Плишкова со 2-0 (6:3 и 6:1).

Плишкова како прва и Вилијамс како втора ќе играат полуфинале.
Утре се играат мечевите од 3.коло од „црвената група“: Каролине Возниацки - Каролине Гарсија  и Симоне Халеп - Елина Свитолина.  Пласман во полуфиналето од оваа група има обезбедено Возниацки.