Тенис
8. July 2015 - 17:25

Полуфинале во двојки за Ѓорческа во Бурса

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги продолжува настапите на фјучрсот во Бурса откако со Мелис Сезер ги победија четвртите носителки Турчинките Бујукакчај и Озген.

Првиот сет ги освоите турските тенисерки со 7:6 во тај брекот беше 7:3. Следниот сет Ѓорческа и Сезер го добија со 7:5, а во решавачкиот сет беше 10:6 на поени.
Во полуфиналето ги очекуваат победничките од дуелот меѓу Бејгезимер и Крејчикова - Мелникова и Поус Тио.
Мечот од полуфиналето ќе се игра утре. Ѓорческа денеска во 1.коло во сингл загуби од Шпанката Поус - Тио.