Живот
29. December 2015 - 14:10

Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно

Секој пат излегувам од кожа кога тоа ќе ми го стори. Иако знам дека тоа што ми го прави не е добро, не можам да се контролирам.

Кога последан пат тоа ми го стори, не можев да се контролирам, толку многу врескав што сите соседи ме слушнаа. Крвта ми удри ви глава, можев да направам вистинска глупост.

Секој пат иста приказна. Знае како да ме полуди и тоа постојано го прави. Иако однапред знам што му е целта секој пат одново ме вади од такт и прави да се чувствувам немоќно и глупаво.

Од кога почнавме да живееме заедно, сопругот постојано со валкани чевли ми влегува дома. Прво убаво му објаснив не знам ни јас колку пати му повторив да научи да ги соблече  чевлите или да ги исчисти на чешма пред да влезе дома. Имам разбирање. Тој се занимава со полјоделство, постојано е на земја или трактор но не може со каливи чевли да влегува дома. Целиот декември го поминав во подготвување храна и чистење на куќата за Свети Никола.

Паднав на нос од умор. Во петокот  дента пред да ни дојдат гостите мојот сопруг дојде од кафеана со гумени чизми полни со кал и буквално направи лом низ целата куќа. Толку многу врескав што  целата населба ечеше. Тој само ми се насменуваше. Морав да испијам и апче за смирување за да не доживеам нервен слом. Не е фер. Нема смисла. Од минатиот петок воопшто и не зборуваме. Не сакам да зборувам со човек кој не ја почитува мојата работа. Неговата сестра ми кажа дека можеби претерувам, но ме фати инает и решив да не зборувам со него се додека не ја смени таа лоша навика.

*Оваа исповед  е објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и пролемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти.