Полските лекари објавија вонредна состојба во здравството
Полските лекарски асоцијации објавија вонредна состојба во здравството во пресрет на парламентарните избори во државата закажани за идниот месец, јави ДПА. Според лекарите од регионалната лекарска организација на Варшава, состојбата во здравството се влошува поради несогласувањата на политичарите. Тоа го изразија синоќа на прес конференција. Тие заедно со органзиации на фармацевти, медицински сестри и пациенти, упатија барања адресирани до полските пратеници во манифест. Тие објавија и почеток на кампања на билборди со цел да се привлече внимание за проблемите во полскиот здравствен систем.
На нив има пораки – „Јавните средства за здравство се двапати помали од просекот во ЕУ“…и – „24-месечен ред за ендокринолог“. Барањата им се јавните средства да бидат 6,8 отсто од БДП до крајот на 2021 година и девет отсто до крајот на 2030 година. Тие бараат фиксиран максимум за време во кое пациент може да чека за прием кај специјалист и доволно болнички места за болни вопзрасни лица. Лекарите протестираат од февруари, и владата се согласи за зголемување на платите и вети средства за здравството да бидат до шест отсто од БПД до 2024 година.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок