Свет
6. October 2016 - 17:30

Полскиот парламент го одби законот за забрана на абортусот

Полскиот парламент со огромно мнозинство гласаше против контроверзниот закон за речиси целосна забрана на абортусот, по масовните протести на кои излегоа милиони Полјаци.  Полска веќе има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а со предлогот се предвидуваше да се забранат сите абортуси освен ако животот на мајката не е во опасност. Пратениците го одбија законот со 352 гласа против и 58 за.

Уапсен осомничен за кражба на податоци од Агенцијата за национална безбедност

 Американското Министерство за правда синоќа соопшти дека е уапсен маж, кој е осомничен за кражба на „супер тајни податоци,,. Весникот „Њујорк Тајмс“ наведува дека станува збор за Харолд Томас Мартин, кој работел за Агенцијата за национална безбедност (НСА). Тој е осомничен оти украл информатички кодови со кои биле овозможени хакерски упади во американските мрежи од страна на странски влади.Уапсениот работел за фирмата „Буз Ален Хамилтон“,  каде  беше ангажиран и Едвард Сноуден. При извршениот претрес на неговата куќа ,кај Мартин биле откриени шест тајни документи. При апсењето прво ги отфрлал обвинувањата, но потоа го признал обвинението. Овој 51-годишен Американец  се соочува со затворска казна од десет години.

Русија ја откажа соработката со САД околу атомските истражувања

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја потпиша уредбата за суспензија на атомското истражување и развој со САД.

Руските медиуми пренесуваат дека суспензијата посебно се однесува на соработката меѓу руската државна атомска корпорација Росатом и американското министерство з а енергетика.