Свет
13. December 2017 - 8:54

Полската Влада доби поддршка во Парламентот

Новата полска Влада предводена од премиерот Матеуш Моравјецки доби поддршка во Парламентот, со што се отвора пат за почеток на нејзиното функционирање.

Гласањето за доверба заврши околу полноќ.

Моравјецки (49) е именуван за премиер минатата недела во рамки на реконструкција на Владата, кога ја замени Беата Шилдо.

Тој најави дека економската политика на државата нема да се промени и оти неговата Влада ќе има за цел подобрување на полските меѓународни односи.