Полска создава голема мултиенергетска компанија
Полска создава голема мултиенергетска компанија преку спојување на ПКН Орлен, најголемата рафинерија за нафта во однос на приходите, со помалата рафинерија Лотос и производителот на природен гас ПГНиГ, соопшти полскиот вицепремиер Јацек Сасин.
Минатата година Орлен имаше приходи од над 111 милијарди злоти (околу 28 милијарди долари), приходите на Лотос изнесува скоро 30 милијарди, а на ПГНиГ 42 милијарди злоти, пренесува СЕЕбиз.
Сите три компании котираат на берзата во Варшава, а Министерството за финансии е нивниот најголем акционер, со 27,5 отсто удел во Орлен, 53 отсто од акциите во Лотос и 72 отсто удел во ПГНиГ.
Европската комисија ја одобри првата фаза од планот, одобрувајќи Орлен да го преземе Лотос, под бројни услови. Орлен ќе мора да продаде 30 отсто од акциите во рафинеријата Лотос во Гдањск и околу 80 проценти од акциите во мрежата на бензински пумпи во Полска и складишта за гориво на Лотос.
Во втората фаза од планираното окрупнување, Орлен потпиша писмо со намери со Министерството за финансии да го купи ПГНиГ, најголемата полска компанија за производство и продажба на гас во Полска.
Ново на Сител
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот