Фудбал
9. October 2017 - 9:16

Полска се пласира на Мундијалот во Русија, Германија со максимални 10 победи

Фудбалската репрезентација на Полска со победата постигната синоќа над Црна Гора со 4:2 во Варшава успеа да избори за пласман на Светското првенство во Русија 2018. Полска го освои првото место во групата Е и по осми пат ќе биде учесник на фудбалски Мундијал и тоа откако ги „прескокна“ претходните две првенства.
Полска водеше портив Црна Гора до 78.минута, но за пет минути гостите изедначија на 2:2. Полска до крајот пак постигна два гола. Центарфорот на Полска Роберт Левандовски со 15 голови е најефикасниот фудбалер во квалификациите.
Репрезентацијата на Германија пак е единствената со максимални 10 победи во групата.
 
На натпреварите одригани вчера познато е дека Северна Ирска (група Д), Данска (група Е) и Словачка (група Ф) се второпласирани, кои ќе ги чекаат исходите од другите групи околу учеството во баражот.
 
Резултати од 10.коло од квалификациите од европската зона:
Група Е:Данска - Романија 1:1, Полска - Црна Гора 4:2, Казахстан - Ерменија 1:1.
Табела: Полска 25 бодови, Данска 20, Црна Гора 16, Романија 13, Ерменија 7, Казахстан 3.
 
Група Ф: Литванија - Англија 0:1, Словачка - Малта 3:0, Словенија - Шкотска 2:2.
Табела: Англија 26, Словачка 18, Шкотска 18, Словенија 15, Литванија 6, Малта 1.
 
Групата Д: Чешка - Сан Марино 5:0, Норвешка - Северна Ирска 1:0 и Германија – Азербејџан 5:1.  
Табела: Германија 30, Северна Ирска 19; Чешка 15, Норвешка 13, Азербејџан 10, Сан Марино 0.