-->
-->
Полска ќе воведе казна од три години затвор за употреба на терминот „полски логори“
-->
Полска ќе воведе казни до три години затвор за користење на терминот „полски логори“, кога станува збор за нацистичките концентрациони логори на територијата на Полска, пренесоа светските агенции.
Предвидените казни се забележени во новиот закон што беше одобрен од Владата на премиерката Беата Шидло.
Изразот „полски логори“, што го користат некои странски политичари и некои медиуми, предизвикува нагласаена огорченост во Варшава и полските власти редовно инсистираат на казнувања.
За овие законски предвидени казни да влезат во сила прво треба да бидат одобрени од двата дома на полскиот Парламент, а потоа законот треба да биде потпишан од претседателот на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора