Македонија
3. April 2019 - 16:23

Полска ќе го ратификува протоколот за НАТО - САД бараат да продолжат реформите и решавањето на СЈО

САД ја гледаат Македонија како идна членка  на  Алијанста, но посетуваат дека земјата мора да остане на реформскиот курс, особено кога се работи за иднината на СЈО, ова е пораката која американскиот помошник државниот секретар  Рикер  му ја пренесе на Димитров  на средбата во Вашингтон .

„Со нетрпение ве очекуваме во НАТО. Реформите, особено во однос на Специјалното јавно обвинителство се императив и неопходно е да се зачува независноста на СЈО во рамките на Јавното обвинителство и неговиот капацитет, во интерес на правдата и одговорноста за корупција, истакна Рикер на состанокот со Димитров.

И премиерот Заев на дебатата  посеветена на НАТО, пред дипломатскиот кор во земјава ,изрази надеж дека наскоро ке дојде до договор за новиот закон за јавно обвинителство,  со што ке биде исполнет уште еден критериум  од евроатланстката агенда

Засега девет членкии на Алијансата го ратифкуваа  протоколот за пристапување  во НАТО, а полскиот амбасадор  најави дека утре тоа ке го направи и неговата земја. Дипломатите се согласни дека процесот на ратификациите се одвива забрзано, но минситерката за одбрана очекува мал застој поради претстојните европски избори

Проценките се дека најдоцна до декември, кога ке одржи самитот на НАТО во Лондон, сите земји членки ке го ратифкуваат протоколот за нашеточленство Алијансата.