Половина од 100-тината заразени во Јужна Кореја се членови на секта
Бројот на заболени од коронавирус во Јужна Кореја ја надмина бројката од 100, од кои половината се припадници на сектат од градот Дегуа, во кој живеат 2,5 милиони жители.
Центарот за превенција на болести денеска соопшти за 51 нов случај на заразени со коронаворус, со што вкупниот број на заразени во Јужна Кореја се зголеми на 104, а меѓу нив голем број се верници на црквата Шинчеонџи, односно Храмот на светото сведочење, црква која често пати во земјата ја сметаат за секта.
Властите соопштија дека 61-годишна жена заразија најмалку 47 верници во црквата и стравуваат дека бројката може да биде многу поголема, пренесува порталот Инкекс.хр.
Според наводите на порталот, жената на 10 февруари добила висока температура, но во два наврата одбила да се тестира на новиот коронавирус, оправдувајќи се дека не била во странство.
Таа присуствувала на најмалку четири миси и дијагностицирана е како носител на вирусот.
Властите во градот Дегуа соопштија дека 1.001 верници на оваа црква биле на мисите на кои била и носителот на вирусот.
Црквата Шинчеонџи тврди дека нејзиниот основач Ле Мен Хи ја облекол одората на Исус Христос и дека на Судниот ден во рајот ќе поведе 144.000 лица. Црквата ги затвори сите свои структури во целата земја и изрази жалење што една нејзина припадничка која сметала дека нејзиното лоша здравствена состојба била предизвикана од обична настинка, а со тоа заразила бројни верници.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец