Свет
1. December 2020 - 15:51

Половина милион луѓе без работа во Австрија

Кризата како резултат на коронавирусот продолжува да го погодува пазарот на трудот во Австрија, каде што во ноември биле невработени 457.970 лица, а дури четвртина се појавиле од ноември минатата година.

Министерството за труд соопшти дека во споредба со октомври, во ноември има зголемување од 33.447 нови невработени. Во исто време, бројот на слободни работни места е намален во споредба со претходниот месец за повеќе од 6.000 – на 58.243.

Исто така, голем број луѓе, 276.370, се пријавени на скратено работно време. За само една недела, бројот на регистрирани лица за работа со скратено работно време се зголемил за околу 57.000.

Службата за вработување (АМС) апелираше до работодавачите да ги користат мерките за помош на австриската влада и да не ги отпуштаат своите вработени.

Според националната дефиниција, стапката на невработеност во моментов е 9,5 проценти и е зголемена за 2,1 процент во однос на ноември минатата година.