Свет
16. December 2015 - 13:40

Половина милијарда евра од ЕУ за справување со мигрантскиот бран од Африка

Европската комисија претстави неколку решенија со кои се обезбедуваат над половина милијарда евра за справување со причините за миграцискиот бран од Африка.

Средствата ќе бидат за реони во источниот дел од африканскиот континент. Се предвидува парите да бидат за подобрување на условите во кои ќе бидат сместени мигранти кои нема да добијат азил во Европа.

Средствата ќе ги добијат Јужен Судан, Етиопија и Уганда.

ЕК соопшти дека за идната година е утврден рекорден буџет за хуманитарни дејности – 1,1 милијарда евра. Главно средствата ќе бидат за поддршка на Сирија, Јордан, Турција, Западен Балкан и Ирак, јави БТА.