Македонија
10. October 2020 - 20:03

Полни туристички центри за продолжениот викенд

Продолжениот празничен викенд  донесе гости во Охрид.Во најголем дел се посетители од другите градови кои имаат свои викенд станови и куќи  во градот кои охриѓани ги сметаат за домашни  но има и туристи и од соседна Албанија . Граѓаните сметаат дека порастот на заболени  од коронавирусот  го зголеми и бројот на лицата кои носат заштитни маски  за спречување на понатамошно ширење на заразата.

Tуристичките работници ги очекува долга и тешка  зима тие се надеваат дека со отворањето на границите со околните држави ќе се зголеми бројот на гости со оглед на тоа што ова лето на брегот на охрдското езеро најбројни беа туристите од нашата земја.

Инаку викендов во Охрид има засилени полициски и инспекциски  контроли низ чаршијата покрај кејот ,парковите раскрсниците и  угостителските објекти каде има поголема фреквенција на луѓе за тоа колку се почитуваат здравствените протоколи .