Македонија
2. January 2021 - 19:45

Полни паркови и излетнички места

Градскиот парк, Водно и сите излетнички места преполни на вториот ден од новата година. Граѓаните како да подзаборавија на вирусот и релаксирано излегоа на прошетка.

Редици за кафе, сок, благи. Атмосфера Веста за пристигнување на вакцините ги смири граѓаните, најголем дел од нив велат дека ќе ја примат.

Според најавите на здравствените власти, вакцината на Фајзер кај нас ќе пристигне во февруари. Не откриваат колкава количина ќе има во првата пратка, но планот е дополнителна количина да добиеме во март и април.

Надлежните очекуваат и донација од Бугарија, Грција, Полска и Австрија но не се знае кога. Овие држави согласно билатералните договори најавија дека дел од вакцините ќе поделат за нас.

Со фотографии од прошетка на планина се пофалија и министерот за здравство Филипче и премиерот Заев.

Сликата предизвика бурни реакции кај граѓаните, а некои од нив и сликовито им укажаа како треба да изгледа заштитата на отворено, коментирајки дека тие се првите кои треба да ги почитуваат мерките кои ги изрекуваат.