Македонија
3. July 2020 - 16:57

Полни болнички кревети на Инфективното одделение во Охрид

Уште 4 до 5 кревети се останати на Инфективното одделение во Охрид каде се примаат пациентите заболени од коронавирусот.Моментално  хоспитализирани се 25  лица .На инфективно има 18 позитивни од кои 6 се на кислородна подршка додека во останатите адаптирани одделенија има 7 пациенти.Директорот Балевски вели дека и покрај тоа што неможе да се  предвиди ситуацијата сепак болницата е функционална.

Министерот Филипче смета дека  системот на ротација на интернисти,анестезиолози и медицински сестри доктори функционира добро и нема потреба од ангажирање на здравствени работници од другите земји .

И покрај тоа што бројот на заболени лица постојано расте министерот Филипче најави дека  нема потреба од  дополнителни рестриктивни мерки во справувањето со состојбата со коронавирусот во земјава.