Полковник Роберт Малезански нов командант на воздухопловната бригада
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената оперативна команда на АРМ.
Како што се наведува во соопштението на Генералштабот на АРМ, командувањето со воздухопловната бригада (ВБР) досегашниот командант полковник Кире Колевски, кој на чело на оваа единица е од 2008 година, му го предаде на полковник Роберт Малезански, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ВБР.
На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, генерали од АРМ, високи раководители од МО и ГШ на АРМ, команданти на единици од АРМ, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица
Пред присутните се обратија командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, досегашниот и новоназначениот командант.
Генералот Ѓурчиновски се заблагодари на досегашниот командант полковник Кире Колевски на неговото залагање и учество во изградбата на воздухопловните сили во високо професионална и престижна компонента на армијата, додека на новопоставениот командант полковник Роберт Малезански му ја честита новата должност и му посака успешно да ја води единицата.
Полковник Кире Колевски искажа благодарност до припадниците на единицата за досегашната поддршка која ја имаше како командант во изминатите осум години и воедно му посака успех на новиот командант.
Новиот командант на ВБР полковник Роберт Малезански во својот говор истакна дека должноста која му е доверена ќе ја извршува професионално и одговорно и ќе го даде максимумот за единицата.
Воздухопловната бригада е формирана на 10 април 1992 година со одлука на Претседателот на Република Македонија како команда на против воздушната одбрана и военото воздухопловство (ПВО и ВВ). Во 2005 година со трансформацијата на АРМ, воздухопловната бригада се трансформира во воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група), а од 2012 година повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената Оперативна Команда.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
-
Во гаража во Белград пронајдено поголемо количество оружје
-
Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
-
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-
Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
-
Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
-
Дел од Карпош утре без струја
-
Блинкен ја осуди заканата на Путин со нуклеарно оружје: Тоа е целосно неодговорно