Македонија
30. November 2016 - 18:04

Полковник Љубенчо Петровски в.д.командант на Командата за обуки и доктрини

Во салата на Војничкиот клуб при Командата за обука и доктрини  - КОД во велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски - Бауман“ денеска се одржа свеченост по повод предавањето на должноста командант на КОД и пензионирање на досегашниот командант, полковник Љупчо Костовски.
 
Вршител на должноста командант на КОД ќе биде досегашниот заменикот командант на КОД, полковник Љубенчо Петровски.
- Ми беше чест и гордост што бев на чело на една ваква важна институција на АРМ, а ако повторно би бил на почетокот на својот животен пат јас би го одбрал повторно патот  на посветеност  во служба на АРМ, потенцира полковник Костовски.
 
Честитки за завршената кариера во АРМ, раководењето на КОД  и пензионирањето до Костовски упати генерал мајор Мухамед Рацај, заменик на началникот на ГШ на АРМ.