Македонија
1. March 2018 - 8:47

Полкот за специјални операции ќе го одбележи Денот на единицата

Полкот за специјални операции денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, со соодветна програма ќе го одбележи Денот на единицата.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, 1. март е одреден за ден на Полкот за специјални операции, како сеќавање на денот кога е формирана првата специјална единица на АРМ-1март 1994 година.