Полјаците бараат Владата да направи отстапки и да стави крај на спорот со ЕУ
Само 23 отсто од Полјаците го поддржуваат заострувањето на реториката и начинот на кој постапува Владата на конзервативната партија „Право и правда“ во спорот со Европската унија за реформите во судството и независноста на полските судови, покажа најновата анкета на ИБРИС.
Премиерот Моравјецки во понеделникот во интервју за „Фајненшл тајмс“ го обвини Брисел дека и поставува барања на Полска „со вперен пиштол во челото“ за да ги исполни.
– Порано или подоцна ќе ги добиеме парите. Колку подоцна ги добиеме, толку појасно ќе биде како Европската комисија постапува на дискриминаторски и диктаторски начин. Дури 88 отсто од Полјаците сакаат да останат во ЕУ, а половина од нив се од нашата партија. Убедени сме дека Полска мора да остане во Унијата. Нема ризик од полегзит, рече Моравјецки.
Полска доби извесно време по неодамнешниот самит на ЕУ, бидејќи претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен рече дека и покрај барањата на некои членки и резолуцијата на Европскиот парламент, новиот механизам за условување пари нема да се применува додека Судот на ЕУ во Луксембург не одлучи по жалбата на Полска и Унгарија против тој механизам.
На зборовите на Моравјецки за „вперениот пиштол во главата“ и за „третата светска војна“, таа одговори дека ЕУ е проект кој многу успешно придонел за воспоставување траен мир меѓу земјите-членки и дека во него нема место за воена реторика.
Ново на Сител
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме