Свет
16. November 2016 - 11:07

Политико: Клинтон добила милион гласови повеќе од Трамп

Гласовите во САД се уште се бројат, но прелиминарните резултати покажуваат дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон добила повеќе од милион гласови повеќе отколку Доналд Трамп кој победи на претседателските избори со 290 електорски гласови, објави Политико.

За Клинтон гласале 61.963.234 гласачи, а за Трамп 60.961.185 заклучно со вторник попладне.

Гласовите се бројат се уште во Калифорнија, Јута, Вашингтон и во Мичиген.