„Политика“: Првите обвиненија за злосторствата на ОВК до крајот на годинава
Првите обвиненија за извршени воени злосторства од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) веројатно ќе бидат подигнати до крајот на годинава, пишува белградскиот весник „Политика“, додавајќи дека, според неофицијални информации од Фондот за хуманитарно право, досега се подготвени обвиненија против осум лица.
- Главниот обвинител на Специјалниот суд за истражување на воени злосторства врз Срби извршени на Косово во периодот 1998 и 1999 година, Дејвид Швендиман најверојатно до крајот на годинава ќе ги подигне првите обвиненија против припадници на ОВК, осомничени за трговија со човечки органи. Тој најави продолжување на спроведувањето истрага и дека наскоро ќе го посети регионот, наведува весникот.
Според неофицијалните сознанија на Немања Стјепановиќ од Фондот за хуманитарно право, досега се подготвени обвиненија против осум лица. Тој истакна дека информациите за обвиненијата не се соопштуваат во јавност од безбедносни причини, а најголем предизвик за обвинителите на Специјалниот суд ќе биде заштитата на сведоците, на кои треба да им се гарантира целосна безбедност.
Најстрогата казна која Специјалниот суд може да му ја изрече на осудено лице е доживотен затвор.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд