Бизнис
26. October 2015 - 20:01

Политичките случувања ја забавија економијата, согласни гувернерот и светската банка за засебни анализи

Планираниот економски раст нема да се оствари. Политичката неизвесност ја намали економската активност, па затоа Народната банка наскоро ќе излезе со нови, ревидирани бројки. Сосема е извесно дека првичните прогнози за  раст на економијата  од 4,1% ќе бидат намалени, изјави гувернерот Богов

- Во април излеговме со проекција од 4,1 процент економски раст за оваа година. Веќе е јасно дека тој нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно и ќе кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст во оваа, а и за наредната година, изјави гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Инвеститорите поради политичката ситуација се воздржуваат од нови вложувања. Она што на бизнисот  му треба се стабилност и предвидливост, додава гувернерот. За да не дојде до прелевање на состојбата и наредната година, бара разрешување на ситацијата. Забавување на растот поради политичките случувања, нотира и Светска банка во извештајот кој го објави денеска. До крајот на годината предвидуваат економски раст од 3,2 отсто, а наредната 3,4%. Главен двигател на растот ќе бидат јавните инвестиции, зголемениот извоз  и зголеменото индустриско производство.

 

.