Македонија
9. May 2019 - 16:16

Политичките лидери или меѓународната заедница, кој ќе ја реши иднината на СЈО

Доколку по утрешната средба нема напредок меѓу преговарачките тимови на власта и опозицијата за специјалното јавно обвинителство и предметите отворени по јуни 2017 година, од наредната недела во разговорите директно ќе се вклучат и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, велат за Сител извори од владејачкиот табор.

Претходно слична најава имаше и од Заев.

Плановите се да се дојде до конечна верзија на законот за обвинителство до 18 мај, но доколку и тоа не успее, веројатно во процесот ќе се вклучи и меѓународната заедница имајќи пред вид дека законот е клучен за извештајот од Европската комисија во јуни.

Ваква сугестија стигнува и од експертите.

Нанев бара поголема транспарентност во процесот и вели дека многу е битно како ќе се направи трансферот на предмети од СЈО во редовното обвинителство.

За новиот закон за обвинителство партиите преговараат од март. На два пати имаше и лидерски средби за него. Во моментов на маса е предлогот на министерството за правда предметите на СЈО по јуни 2017 година да бидат преземени од редовното обвинителство преку комисија што ќе ја предводи државниот јавен обвинител.