Политичките и бизнис лидери на форум во Давос, отсуствуваат голем број клучни лидери
Светските политички и бизнис лидери се собираат во швајцарскиот град Давос оваа недела за да разгледаат каква политика ќе следат соочени со опасностите предизвикани од забавениот економски раст.
Светскиот економски форум ќе трае до 25 јануари.
Основната тема е глобализацијата во перидот на четвртата индустриска револуција, но организаторите ќе одделат внимание и за признаците на нова светска криза. Тие ги сметаат за главен ризик за светската заедница во 2019 година растечките тензии во геополитиката и во економијата.
Се очекува во работата на форумот да земат учество над 3.000 луѓе, меѓу кои и над 100 претседатели или шефови на влади и раководители на илјадници компании.
Многумина политички лидери нема да присуствуваат – американскиот претсеател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон како и рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ и Бејлс најдобри спортист во светот за 2018 година
-
Манчестер Јунајтед го елиминира Челзи од ФА Купот
-
РКЕ: За 10 дена на аукција ќе се избере универзален снабдувач со електрична енергија
-
Во Македонија преовладува политичката дискриминација
-
Трипуновски: СДСМ го клекна земјоделието на колена, 60 илјади тони јаболки стојат во магацините
-
Со поврат на ДДВ ќе се решава сивата економија- бизнисот континуирано бара да се стави крај на проблемот
-
Во регионот само Албанија има пониска минимална плата од Македонија
-
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех што го постигнаа Скопје и Атина