Македонија
18. July 2018 - 16:21

Политичкиот проблем со името на Македонија повторно дел од квизот „Кој сака да биде милионер“

Името Северна Македонија влезе во светски познатиот квиз ,,Кој сака да биде Милионер‘‘ и почна да им прави проблеми на натпреварувачите. Девојка од Турција ја загуби можноста да заработи 15 илјади турски лири. Ги помина првите шест прашања, но седмото кое и го постави познатиот актер Мурат Јилдирим го донесе проблемот.

- Кое е името кое Поранешната Југословенска Република Македонија, која има проблем со Грција го договори неодамна:

А: Горна Македонија В: Долна Македонија С: Северна Македонија Д: Јужна Македонија?

Таа побара помош од пријател, но неговиот одговор не и помогна.

-Горна Македонија....

Но, Македонија не им прави прв пат проблем на играчите во светски познатите квизови. Пред десет години Македонија беше пречка и во Британија на квизот ,,Земи или Остави‘‘.

Потеклото на Александар Македонски пред десет години го остави овој пар без 23 илјади фунти, а точниотр одговор се уште е причина за сериозна дебата на интернет.