Македонија
10. November 2015 - 16:42

Политички реакции за извештајот на Европската Комисија

Политичките партии го поздравија седмиот по ред позитивен извештај на Европската комисија за напредок на земјава. Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ во извештајот се препознаени и признаени сите напори кои ги вложи Владата во исполнување на реформите за приближување кон ЕУ и покрај сите напори на опозицијата да ја втурне Македонија во политичка криза. Антонио Милошоски смета дека  забелешките во извештајот се резултат на деструктивната политика на СДСМ, која се очекува да продолжи и во следниот предизборен период.

Според опозициската СДСМ пак препораката на Европската комисија е спасена со многу напори и искрена посветеност кон интересите на државата.

-Реализацијата на дорогорот од Пржино повеќе не е очекување само на граѓаните на Македонија, туку услов Европската комисија да ја задржи препораката. Брисел денеска порача дека Европа сака Македонија со европски вредности, рече потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

И двете партии порачаа  дека и натаму остануваат посветени на спроведување на политичките реформи и организирање на предвремените парламентарни избори на 24 април идната година.