Loading Video...
Свет
11. November 2020 - 19:40

Политички хаос по изборите во САД

Американскиот претседател не сака да признае пораз на изборите. Однесувањето на Трамп  избраниот претседател Џо Бајден го нарече срам и притоа додаде дека ништо нема да го спречи трансферот на власта. Државниот секретар на САД потенцира дека Трамп ќе остане на власт.

Ќе биде глатка транзицијата кон втората Трампова администрација истакна Мајк Помпео.

Се повеќе републиканци отворено го подржуваат претседателот  во обидот да се истражат евентуални изборни нерегуларности. Тимот на Трамп најави дека можно е да ги добијат гласовите во три првично загубени држави Џорџија, Висконсин и Пенсилванија. Во Порторико се пронајдени 150 гласачки кутии кои не се преброени.  Државниот обвинител веќе им нареди на федералните обивнители даги проверат наводите за изборни нерегуларности. Паралелно продолжуваат кадровските смени на врвот на Пентагон

Австралиската полиција уапси 14 лица под обвинение за производство и дистрибуција на материјали кои содржат сексуална злоупотреба на деца во Австралија и странство. Спасени се 46 деца на возраст од 16 месеци до 15 години. Полицијата соопшти дека групата има врски во САД, Канада, Европа и во Азија.

Министерот за здравството на Словенија бара построги мерки во борбата со ковид 19. Словенија во последните 24 часа потврди 2217 нови случаи, двојно повеќе од претходниот ден. За нови антиковид мерки размислува и италијанскиот  премиер по 350.000 новозарзени и 580 починати во последеното деноноќие. Финска има најмалку нови ковид случаи во Европската унија, а бројот продолжува да опаѓа. Бројот на новиковид случаи во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, објави СЗО.