Бизнис
8. April 2019 - 16:23

Политичката стабилизација на земјата го крена кредитниот рејтинг

Политичката стабилизација го дигна кредитинот рејтинг на земјава. Од оценка Ц која претставува ризик, во февруари годинава кредитниот рејтнг е оценет со Б со тенденција за стбаилност до крајот на годината. Бизнис климата е оценета со А4. Од земјите од регионот, Србија и Црна Гора имаат рејтинг ист како макеоднскиот, а само Босна и Албанија се полоши.

Последниот кредитен рејтинг покажува дека макеоднските компании можат да земаат и да враќаат редовно кредити. Поволната оценка значи дека странските партнери можат да имаат доверба во нив, но сепак, работата најмногу зависи стабилноста на државата.

Извозот на макеоднските компании континуирано расте неколку години со ред. За два месеци од оваа година растот изнеусува околу 7%, а најмногу се извезуваа производи од фабриките во зоните. Земјава најмногу тргува со Германија, Велика Британија и Грција.