Бизнис
27. јуни 2016 - 19:50

Политичката криза сериозен проблем за бизнисот

Бизнисмените се жалат од работата на инситуциите, одговор на нивните барања добиваат и по еден месец. Политичката криза во земјава направи застој во административните постапки.

Тоа значително им прави проблеми во производните процеси на фирмите , а оние кои се извозно орјентирани не можат да ги реализираат договорите со странските партнери.

Бараат тие да почнат навреме да одговараат на  барањата и да  ги убрзаат административните процедури. 

Проблем кои им го отежна работењето на македонските бизнисмени во изминатиот период  беше и блокадата на солунското пристаниште кое од петокот почна нормално да работи. Ако повторно ситуацијата се влоши, од СКМ бараат  двете држави да најдат алтеративни решенија.

Деновиве пак комората ќе има и презентација на условите за работа на другите пристаништа, Бар, Драч или Бургас.

Од денска во СКМ почнува со работа и оперативна канцеларија која  24 часа ќе им биде на располагање на  фирмите за решавање на проблемите со административните процедури.