Македонија
25. February 2016 - 16:26

Политичката академија со фокус на вредностите и политиките на ЕПП

Вредностите и политиките на Европската Народна Партија, моделирање и значење на модерните Народни Партии, се темите кои се во фокусот на  политичката академија на ВМРО ДПМНЕ, организирана во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.

12 години по ред оваа политичка академија овозможува вклучување на секој заинтересиран поединец во политичкиот живот на РМ, посочи претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Тука сме 15 години и во овој период имам 112 стипендисти, од кои најголем дел не се членови на ВМРО ДПМНЕ, потенцираше претставникот на Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Рај.

Во досегашното постоење на Политичката Академија, над 1000 учесници добиле високо професионални обуки.