Македонија
7. January 2019 - 16:07

Политичарите верни на традицијата, бадникови лепчиња со паричка во домовите на премиерот и лидерот на опозицијата

Политичарите – верни на традицијата, речиси сите на бадниковата вечера кршеле лепче со паричка.. Кај претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, најсреќен бил синот Иван..

Од владината прес служба информираат дека во семејството на премиерот Заев, паричката се паднала во делот за работа и работните ангажмани..

Од членовите на министерскиот тим, најсреќни биле првите луѓе на правдата и одбраната.. Со слика објавена на социјалните мрежи, министерката за правда Рената Дескоска ја сподели радоста од бадниковата вечера.. Истото го стори и министерката Радмила Шеќеринска.. Таа ја добила паричката по кршењето на лепчето меѓу нејзиното четиричлено семејство..

Лепче со паричка се делело и во домот на министерот за полиција, Оливер Спасовски.. Таму најсреќна била помалата ќерка Анастасија..

Кај министерот за здравство Венко Филипче, по делбата на бадниковото лепче, паричката ја добила неговата сопруга Ана..

Во семејството на вицепремиерот Анѓушев, паричката се паднала во делот наменет за Бога..

Паричката од бадниковото лепче и годинава ја добил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.. Тој е најсреќен во неговото семејство шеста година по ред..

Кај Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, паричката се паднала во домот..

Во домовите на Министрите за транспорт и надворешни, Сугарески и Димитров - лепче со паричка ќе се дели на Василица.. Тогаш традицијата ќе ја продолжи и Координаторот на пратениците од СДСМ, Томислав Тунтев..