Македонија
30. December 2017 - 16:21

Политичарите и дочекот на Новата година - домашната атмосфера најдобар амбиент

Политичкиот врв тврди дека новата година ќе ја дочека скромно.. Министрите, претседатели на партиите, градоначалници – скоро сите велат дека 2018-та година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера со своето семејство и пријателите.. Во најлудата ноќ од годината, малкумина од нив ќе им се посветат на обврските.. Министерката за труд и социјала, Мила Царовска ќе биде со своето семесјтво, но во опкружување на децата од домот „11 Октомври“ и згрижените семејства кои живееа под Кале..

Колешката од министерскиот тим, Рената Дескоска под чија надлежност е ресорот образование, за новогодишната ноќ ќе биде во својот дом со семејство.. Министерот кој според својата должност има најмногу патувања за средби со своите колеги, контактите со нив реализирани како министер за надворешни, нема да ги искористи за посета на некоја од европските метрополи.. Димитров останува  во Скопје со семејството..

За разлика од Димитров, Претседателот на владата одамна одлучи дека соработката со градоначлникот на Солун може да ја искористи за приватна посета и токму таму да ја дочека новата година..

Заменикот на Заев кој е задолжен и за европски прашања, Бујар Османи вели дека во новогодишната ноќ ќе остане дома со сопругата и децата, а прославата ќе ја збогати со руска салата, кифлички и музика..

Ниту првиот финансиер во државата не предвидел посебен буџет за дочек на новата година.. За Министерот Тевдовски, најголема радост е новородената ќерка..

Домашен амбиент, за новата година ќе имаат и министрите за култура и земјоделие.. За разлика од нив, колегата од ресорот транспорт и врски Горан Сугарески, спојувањето на стрелките на часовникот на полноќ ќе го проследи во родниот Прилеп на градскиот плоштад каде по огнометот најверојатно забавата ќе ја продолжи во кафеана со пријателите..

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека преминот од старата во новата година ќе го мине дома со најблиските.. За разлика од него, првиот човек на Карпош вели дека во новогодишната ноќ ќе биде во некоја од скопските дискотеки..

Во домашен амбиент со семејството остануваат и дел од претставниците на законодавната власт – Ременски, Ѓорчев, Груевски..

Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе остане во Скопје, со друштво во некое скопско кафуле ќе ја дочека новата година.

Инаку сите политичари без разлика дали се на власт или во опозиција, очекуваат новата година да поуспешна претходната..