Македонија
20. January 2016 - 16:29

Поликлиниката во Драчево доби специјалистички кабинет за кожни болести

Поликлиниката Драчево доби кожен лекар. Во кабинетот за дерматовенерологија ќе работи специјалист кој од приватно се вратил во јавно здравство.

Закажувањето ќе оди преку  Мој термин. Дневно тука ќе  третираат над 20 пациенти.  Бенефит од новата специјалистичка ординација која е 9 по ред во оваа поликлиника бенефит ќе имаат околу 80.000 жители.

Доколку имаат потреба здравствена услуга може да добијат поблиску до местото на живеење.

Од февруари во поликлиниката ќе почне да се врши и ехо снимање на стомак. Новите кабинети и услуги го зголемија и бројот на пациенти во установата во Драчево.

Лани имало 33.000 прегледи, што е за 5000 повеќе од 2014 година, но од друга страна намален е процентот на болни кои се препраќаат на скопските клиники, во ГОБ 8 септемви или во болницата Св. Наум Охридски.

Минатата година тука биле третирани дури 95 отсто од пациентите кои побарале лекарска помош.