Македонија
18. October 2017 - 12:35

Полициско возило удри велосипедист во центарот на Скопје

Сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата помеѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодисиј Гологанов“ и во неа со телесни повреди се здобил велосипедист.

Според информации од социјалните мрежи полициско возило удрило во велосипедист. По сообраќајна незгода велосипедистот со лесни телесни повреди е пренесен во скопскиот клинички центар.

Полицијата работи на расчистување на случајот.