Македонија
11. March 2018 - 16:05

Полициските синдикати на протест бараат поголеми плати и нови вработувања

Ниските плати ги изпразнија затворите, полицајците излегоа на протест на  улиците во Скопје. 

Со автомобили од пред зградата на МРТ, покрај Владата се до Министерството за финансии го изразија револтот  кон институциите кои останале глуви на нивните барања.

Затворската, шумската полиција и независниот синдикат, се пожалија дека се наоѓаат на работ на егзистенција.

Остануваат со се помал број на колеги во затворите, бидејќи полицајците ја напуштаат униформата за подобра плата надвор од државата. Бараат да им биде покачена вредноста на бодот и да се реализираат нови вработувања, со можност за преземање професионални војници по пензионирањето.

Од декември кога ги доставиле нивните барања се до денес нема одговор. Се пожалија дека со изработени 45 години стаж молат на 57 години да се пензионираат, за разлика од колегите во МВР кои со 40 години севкупен стаж се веќе во пензија.

Полицајци  од затворите ширум земјава придружени од шумската полиција и независниот синдикат бараат решение во најскоро време , во спротивно ќе ги радикализираат протестите во Скопје и во секој град каде има затворска и шумска полиција.