Македонија
19. October 2016 - 19:09

Полициските акции ,,Ќелија‘‘ 1 и 2 го намалија бројот на македонски државјани кои заминуваат на боиштата во Сирија и Ирак

Насилниот екстремизам, како никогаш досега прераснува во “медиум”  од кој што тероризмот го црпе својот материјал за делување. Истражувањата на “Аналитика тинк тинк” покажуваат дека првичниот контакт со промотивен материјал се случува преку социјалните мрежи, регрутацијата се врши преку личен контакт со целната група на луѓе кои најчесто немаат доволно познавање на религијата.

За Македонија, како едно мултинационално општество, исклучително важно е ефикасно да одговори на овој предизвик.

Регрутирањето на македонски граѓани како странски борци во редовите на терористичката групација Исламска држава, значеше и итна акција, не само во сферата на законско дефинирање на ваквите криминални активности, туку и во делот на следење, проценка и соработка во врска со сите сегменти поврзани со овој феномен.

Амбасадотор на САД Џес Бејли рече дека секоја држава се соочува со проблеми поврзани со насилниот екстремизам, и дека преку ваквите истражувања може полесно да се разбере што е главната причина што ги тера младите да се приклучат на терористичките организации.

Резултатите од истражувањето покажале дека по полициските акции “Ќелија 1 и 2”, во кои беа уапсени 15 лица обвинети за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, опаднат е бројот на млади луѓе од Македонија кои заминуваат на боиштата во Блискиот исток.