Македонија
21. April 2020 - 16:49

Полицискиот час се скратува од 19-5 часот-за викенд ќе почнува во сабота во 13ч-117 лица не го почитувале полицискиот час-89 од нив приведени

Владата утре ќе расправа за релаксирање на полицискиот час во Македонија воведен поради епидемијата на корона вирусот, објави Министерот за здрвство Венко Филипче.

Предлогот е полицискиот час наместо во 16 часот тој да почнува во 19 часот и да трае до 5 часот наутро. Олеснување да има и за старите лица над 67 годишна возраст. Тие да можат да се движат од 8 часот наутро до 12 часот на пладне во работните денови. Децата и младите до 18 години пак, ќе можат да излегуваат од 13 до 16 часот.

Се предлага и во викендите да има поинаков режим. Полицискиот час ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до 5 часот наутро во понеделник.

Сепак, Филипче вели дека пократкиот полициски час ќе го пратат нови задолжителни мерки за заштита, како што е носење на маски, шалови во затворен простор, додека пак, надвор задолжителна социјална дистанца од 2 метра.

Полицискиот час да почнува од 19 часот преходно побара и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Чулев побара олеснувањето да важи за сите категории на граѓаните, како и преиспитување на одлуките за ограничување на движењето во планини, паркови и шуми со почитување на мерките за забрана за групирање.

Помалку рестриктивни мерки од 1 мај вчера најави и Премиерот Оливер Спасоски, но рече дека тоа нема да се случи веднаш.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие МВР евидентира 117 лица на ниво на целата држава кои не ја почитувале забраната за движење. При тоа се приведени 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација. При контролите три лица не ја почитувале мерката за изолација.