Македонија
21. March 2021 - 20:00

Полицискиот час ќе биде продолжен за уште две недели, најава за нови мерки ако расте бројот на заразени

Од утре продолжува полицискиот час од 22 до 5 наутро. Ако се зголеми притисокот врз болниците министерот Филипче посочи дека  се можни и дополнителни рестрикции. Вели дека бројките и статистиката покажуваат подобрување од двонеделниот полициски час , но следната недела точно ќе се видат какви биле ефектите.

Ако се влоши состојбата и се зголемат хоспитализациите, можно е кратење на работното време на угостителите.

Претходно од бизнис заедницата посочија дека се свесни за епидемиолошката слика, но порачаа при носењето на нови  рестикции да се внимава и да се земе во предвид и економијата која сеуште е многу кревка, за да не се нанесат уште поголеми штети и врз сопанството и граѓаните. 

А од друга страна епидемиолозите сметаат дека треба да има и други ограничувања како и целосно ограничување на движњето за време на викендите за да се помогне на здравствениот систем. 

Забраната за движење на населението од 22 до 5 наутро беше воведена на 10-ти март и истекува утре изутрина. Предлогот за продолжување на мерката ќе биде доставен до Владата по состанокот на Комисјата за заразни болести.