Македонија
22. September 2016 - 12:34

Полициски специјалци распоредени низ центарот на Скопје

Полициски специјалци денеска може да се забележат на сите поголеми сообраќајници во Скопје.

Од МВР велат дека затворените сообраќајници, сообраќајниот метеж и засиленото присуство на полициски специјалци се должи на рочиштето во предметот „Диво насеље“ каде полицијата го обезбедува транспортот на обвинетите до Судот.