Македонија
7. August 2021 - 16:02

Полициски службеници од ЕБР и гранична полиција во спасувачката акција над село Разловци

Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, ангажираше околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија на Република Македонија.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1.400 метри надморска височина.