Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз Хаки Азири, осомничен во случајот ,,Монструм”
Инспекторот за насилен криминал од април 2012, Г.В., не се сеќава дека извршил разговор со Хаки Азири, осомничен во предметот „Монструм”, кој во својата одбрана наведе дека во полициска станица бил малтретиран (тепан).
– Јас го знам како лице од истрага, сега точно не се сеќавам кај кого точно сум извршил претрес. Сила не сум применил. Сигурно сме им ставиле лисици, потоа сме му ги читале правата и му е објаснето за што е изршен претресот, изјави сведокот Веселинов, иако обвинителката Фатиме Фетаи, му предочи дека тој извршил првичен разговор.
Сведокот истакна дека негова задача била само да изврши претрес во овој случај. После завршување на претресот инспекторот Веселинов, рече дека уште ден-два имал работа за овој предмет
Адвокатот Асмир Алиспахиќ, побара од сведокот да објасни дали тој бил во Кочани, во период од 1 до 15 мај, време кога осомничениот Хазири беше испрашуван, на што сведокот одговори дека не бил во тој град.
Соочување со инспекторот Веселинов, имаше и осомничениот Хаки Азири, кој го праша сведокот дали е повикана брза помош при претресот.
– Јас бев удрен, брат ми 15 годишен, татко ми.. Зошто не е наведено во записникот дека е повикана брза помош, праша Хаки Азири. На ова прашања сведокот рече дека брзата помош е таа која сочинувала записник.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка