Свет
3. December 2017 - 10:28

Полициски час во Хондурас поради немири

Безбедносните сили на Хондурас денеска спроведуваат поициски час поради немирите по  претседателските избори во кои најмалку три лица ги загубија животите.

Стотици луѓе се уапсени по минатонеделните претседателски избори на кои се уште не е одреден победник.

Опозицијата обвини дека власта се обидува да ги украде резултатите од изборите. Изборната комисија на Хондурас предложи повторно пребројување шест отсто од гласовите додека опозицискиот кандидат Салвадор Насраља предложи да се преброи повеќе од тоа.