Македонија
22. May 2020 - 22:09

Полициски час од недела во 11 часот претпладне до вторник во 05 часот изутрина

Полициски час од недела во 11 часот претпладне до вторник во 05 часот изутрина. Владата на денешната седница одлучи дека утре забраната за движење ќе остане како и сите други денови, односно од 19 до 05 часот наутро в недела. Тоа значи дека во карантин ќе бидеме затворени 42 часа.

Владата ја одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин. Македонските државјани кои ќе се враќаат во Македонија со хуманитарни летови или конвои доколку приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа наместо во државен карантин ќе одат во домашна самоизолација. Истото ќе важи и за странските државјани на кои поради државен или економски интерес ќе им биде дозволен влез во земјата.

Во однос на факултетите Владата дозволи со физичко присуство да може да се полагаат испити и колоквиуми, но и да се одржуваат предавања во амфитеатрите доколку високообразовната установа има можност да ги примени протоколите.

Владата го скрои и работењето на маркетите и трговските субјекти до крајот на годината. Протоколите за работа ќе важат уште 200 дена по укинувањето на вонредната состојба. Тоа значи дека речиси 7 месеци продавниците ќе бидат обврзани да обезбедат редарски служби и дезинфекциски средства на влезот на објектот.

До крајот на годината сите вработени во маркетите и продавниците ќе мора да носат заштитна опрема, односно маски и ракавици, но и да внимаваат потрошувачите да одржуваат физичко растојание, притоа ќе мора и да се внимава на бројот на купувачи во објектот.

Како и за минатиот месец, воведен е и посебен распоред за исплата на пензиите. Распоредот како и досега ќе биде според висината на пензијата.