-->
-->
Полициски час на Закинтос и градот Ханија на Крит
-->
Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, јави дописничката на МИА од Атина.
Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден. Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност