Балкан
28. March 2017 - 12:55

Полициска рација во бегалски камп на Хиос

Грчката полиција задржа најмалку 10 лица во притвор и се очекуваат уште апсења по двочасовната операција која денеска беше спроведена во центарот за мигранти и бегалци на островот Хиос.

Двочасовната рација во кампот Суда започна утрово со десетици полицајци кои ги пребарувале шаторите и ги испрашуваше мигрантите поради ескалација на тензиите меѓу ривалските етнички групи кои престојуваат во објектот.

Се очекува да бидат уапсени најмалку три лица откако полицијата пронашла ножеви и други предмети кои би можеле да се користат за насилство.

Рацијата, во која беа вклучени и припадници на специјална единица и полицајци за борба против дрога, беше спроведена со цел да воспостави ред по неколку случаи на насилство меѓу алжирски и авганистански мигранти во преполнетиот камп, информира полициски извор.