Македонија
28. October 2015 - 16:19

Полициска потрага по логистичари на терористите од Диво насеље

Полицијата во потрга по нови осомничени од терористичката група која влезе во Диво Насеље.

По наредба на судија од претходна постапка утринава полицајците го чешлаа кумановско и скопско.

Од МВР информираат дека лицата кои ги барале се недостапни но во претресите се обезбедени предмети и предадени на понатамошна анализа.

Полицијата влегла во неколку куќи и други простории во село Брест, Отља и Арачиново. Се трага по три лица на возраст меѓу 35 и 41 година за кои се потврдило дека биле инволвирани во групата. Осомничените според МВР се лица кои биле логистичка подршка на терорирстичката група која беше сузбиена во кумановската населба.  

-За време на извршените претреси лицата не се обезбедени и по нив се уште се  трага, а при претрес во домот во село Отља пронајдени и одземени се четири мобилни телефони, три сим картички, како и држач за сим картичка, соопшти МВР.

Со акцијата на  9 и 10  мај во Диво Насеље,  полицијата неутрализираше 10 и уапси 28 терористи. Еден од нив кој бил полицаец, минатата недела беше ослободен бидејќи истрагата покажала дека не е дел од групата. Во меѓувреме со акцијата Молња беа уапсени уште 7мина осомничени кои исто така се товарат за помагање на терористите.