Македонија
22. July 2021 - 12:36

Полициска едниница од Кисела Вода приведе лице барано со потерница

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода, денеска врз основа на распишана потерница, го лишиле од слобода Б.Р.(51) од Скопје, за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, информираат од МВР.