Балкан
14. December 2016 - 19:26

Полициска бруталност: „Како не ви е срам, па човекот само собира шишиња!“

На Фејсбук денеска се појави снимка од полициска бруталност. Овојпат, полицијата нападнала собирач на шишиња пред Уметничката галерија во Сплит.
 
Видеото покажува како двајца полицајци насилно го повлекуваат човекот кој собира шишиња, а тој се спротивставува. Се слуша и како минувачите им велат на полицајците да се засрамат од тоа што го прават.